Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје, 2012 година

петок, 15 март 2013


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ(БДП) за четвртото тримесечје од 2012 година изнесува 0.2%.


Во четвртото тримесечје од 2012 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во
секторите Ѓ- Градежништво од 10.6% и Ж- Хотели и ресторани од 5.2%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално расте за 1.2%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.7%.


Во истиот период ,извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 0.5%, а увозот на
стоки и услуги номинално порасна за 6.0%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика