Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни
средства во Република Македонија во 2014 година изнесува 123 115 милиони денари.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2014, во однос на 2013 година,
изнесува 3.5 %.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.7%,
машините и опремата со 30.6%, а останатите инвестиции со 6.7%.
Најголема вредност на инвестициите во основни средства e реализиранa во следните сектори: Ѓ -Градежништво
(37.8 %); Б, В, Г и Д - Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (23.5 %); Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало, Поправка
на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна (13.5 %).