+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јуни 2013

понеделник, 01 јули 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јуни 2013 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100.3.


Порастот на трошоците на животот од 0.4% во јуни 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат
на повисоките индекси на овошјето за 13.5%, преработките од млеко за 0.5%, месото и рибата за 0.3% свежото
и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0.2%.


Во јуни, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 9.0%,
авионскиот превоз на патници за 1.7%, комуникациските услуги за 1.6%, нафтените деривати за 1.2%, течните
горива и гасот за домаќинствата за 1.0%, обувките за 0.4% и храната и пијалаците во рестораните и хотелите
за 0.2%.


Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2013 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај јајцата за 2.5%, зеленчукот и мастите за 0.8%, другите прехранбени производи за 0.6% и
преработките од месо за 0.4%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за
9.8% и средствата за хигиена за 0.5%.


Индексот на цените на мало во јуни 2013 година, во споредба со јуни 2012 година, бележи пораст од 2.3%, а
индексот на трошоците на животот бележи пораст од 4.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика