+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јули 2013

четврток, 01 август 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јули 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.2, а индексот на трошоците на животот 98.9.

Намалувањето на трошоците на животот од 1.1% во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 20.2%, овошјето за 2.4%, преработките од млеко за 0.6%, мастите за 0.5% и месото и рибата за 0.3%.

Во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај електричната енергија за домаќинствата за 4.5%, авионскиот превоз на патници за 4.0% и обувките за 0.4%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај алкохолните пијалаци за 7.7%, свежото и киселото млеко за 1.8%, јајцата за 0.8% и преработките од риба за 0.4%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 2.1%, лековите за 0.9%, пијалаците во рестораните и хотелите за 0.7%, нафтените деривати за 0.6%, туристичките аранжмани за 0.5%, конфекцијата за домаќинствата, електричните апарати за домаќинствата и средствата за хигиена за 0.4%, сообраќајните средства и трошоците за одржување на автомобилите за 0.3% и садовите и приборот за домаќинствата за 0.2%.

Индексот на цените на мало во јули 2013 година, во споредба со јули 2012 година, бележи пораст од 2.5%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 4.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика