Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во август 2013 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на трошоците на животот 100.3.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.3% во август 2013 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на повисоките индекси на производите од жито за 2.0%, преработките од млеко за 1.4%,
свежото и киселото млеко за 0.9%, јајцата за 0.8%, преработките од риба и мастите за 0.5%, преработките од
зеленчук и алкохолните пијалаци за 0.4%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
19.5%, нафтените деривати за 2.6%, течните горива и гасот за домаќинствата за 1.4%, средствата за хигиена за
0.5%, облеката и мебелот за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2013 година, во споредба со претходниот месец е
забележано кај овошјето за 2.1% и зеленчукот за 0.8%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за
домаќинствата за 2.9%, обувките за 0.8% и електричните апарати за домаќинстата за 0.2%.
Индексот на цените на мало во август 2013 година, во споредба со август 2012 година, бележи пораст од 1.3%,
а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.8%.