+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, октомври 2013

петок, 01 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во октомври 2013 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на трошоците на животот 99.9.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во октомври 2013 година, во споредба со
претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6.3%, мастите за 4.6%, алкохолните
пијалаци за 0.8% и другите прехранбени производи за 0.2%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај нафтените деривати за 3.4%,
течните горива и гасот за домаќинствата за 1.1%, садовите и приборот за домаќинствата и средствата за хигиена
за 0.2%.


Пораст на индексот на трошоците на животот во октомври 2013 година, во споредба со претходниот месец е
забележан кај зеленчукот за 1.6%, месото за 0.7%, преработките од зеленчук и преработките од млеко за 0.4%,
сушеното овошје за 0.3% и производите од жито за 0.2%.


Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај здравствените услуги за 1.1%, облеката
за 0.9%, авионскиот превоз на патници за 0.8%, сообраќајните средства за 0.4%, материјалите за одржување на
стан и лековите за 0.2%.


Индексот на цените на мало во октомври 2013 година, во споредба со октомври 2012 година, бележи пораст
од 0.7%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1.3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика