+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индексот на цените на мало во јануари 2010, во споредба со декември 2009, е повисок за 1.2%, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0.7%

петок, 12 февруари 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јануари 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.2, а индексот на трошоците на животот 100.7.

Порастот на трошоците на животот од 0.7% е резултат на повисоките индекси на туристичките аранжмани за 11.6%, електричната енергија за домаќинствата за 10.0%, сообраќајните средства за 4.2%, парното греење за 2.7%, административните услуги за 2.6%, услугите за образование за 2.3%, предметите за домаќинството за 2.2%, средствата за хигиена за 1.9%, нафта и гас за домаќинствата за 1.6%, нафтените деривати за 1.2%, здравствените услуги за 0.9%, финансиските услуги за 0.7% и облеката за 0.5%.

Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај преработките од месо за 1.6%, млечните производи за 1.1%, преработеното овошје за 1.0% и преработениот зеленчук за 0.5%. Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата за 5.3%, зеленчукот за 4.3%, јајцата за 1.5%, овошјето за 1.0% и производите од жито за 0.8%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај ПТТ услугите за 2.8%, услугите за одржување на станот за 0.5% и трошоците за одржување на автомобилите за 0.3%.

Индексот на цените на мало во јануари 2010 година, во споредба со јануари 2009 година, бележи пораст од 1.7%, а трошоците на животот бележат пораст од 0.1%.Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за јануари 2010 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12 151 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: ? +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика