+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индексот на цените на мало во март 2010, во споредба со февруари 2010, е повисок за 0.4%, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0.5%

четврток, 01 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во март 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100.5.

Порастот на трошоците на животот од 0.5% е резултат на повисоките индекси на овошјето за 7.7%, зеленчукот за 7.6%, др. прехранбени производи за 1.1%, рибата и јајцата за 0.5%, преработеното овошје за 0.4% и свежото и киселото млеко за 0.2%.

Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 3.2%, средствата за образование за 1.2%, услугите за образование и развој за 0.3%, деловите за сообраќајните средства за 0.2% и трошоците за одржување на автомобилите за 0.1%. Минимален пораст на индексите на трошоците на животот од 0.1% е забележан во групите: Облека и обувки и Домување.

Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај преработките од месо за 0.9%, производите од жито за 0.8%, мастите за 0.6%, преработениот зеленчук и преработките од риба за 0.3% и месото за 0.1%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан кај Останатите услуги, неспоменати на друго место за 8.3% и кај ПТТ-услугите за 1.5%. На ниво од претходниот месец останаа индексите во групите: Тутун и пијалаци, Хигиена и здравје и Ресторани и хотели.

Индексот на цените на мало во март 2010 година, во споредба со март 2009 година, бележи пораст од 2.3%, а трошоците на животот бележат пораст од 0.7%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство за март 2010 година, пресметана врз основа на цените на мало, изнесува 12 336 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика