+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индексот на цените на мало во мај 2010, во споредба со април 2010, е понизок за 0.3%, а индексот на трошоците на животот е понизок за 0.6%

вторник, 01 јуни 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во мај 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.7,а индексот на трошоците на животот 99.4.

Намалувањето на трошоците на животот од 0.6% е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 14.9%, овошјето и алкохолните пијалаци за 0.3%, месото и јајцата за 0.2%.

Во мај, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај козметичките производи за 1.4%, средствата за образование за 1.3% и материјалите за одржување на станот за 0.4%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во мај 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај млечните производи за 1.4%, мастите за 0.8%, сувото овошје за 0.6%, преработеното овошје и свежото и киселото млеко за 0.4% и преработките од месо за 0.3%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан кај услугите за одржување на станот и средствата за хигиена за 1.6%, нафтените деривати за 1.5%, обувките за 0.9%, храната во ресторани и хотели за 0.3% и лековите за 0.2%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување и Останати услуги, неспомнати на друго место Индексот на цените на мало во мај 2010 година, во споредба со мај 2009 година, бележи пораст од 1.8%, а трошоците на животот бележат пораст од 0.2%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во мај 2010 година изнесува 12 378 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 2.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика