+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индексот на цените на мало во јуни 2010, во споредба со мај 2010, е на истото ниво, а индексот на трошоците на животот е повисок за 0.2%

четврток, 01 јули 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јуни 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на трошоците на животот 100.2.

Порастот на трошоците на животот од 0.2% е резултат на повисоките индекси на овошјето за 25.0%, рибата за 0.8%, производите од жито и преработките од месо за 0.6%, преработките од риба за 0.3%, сувото овошје, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0.2% и свежото и киселото млеко за 0.1%.

Во јуни, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај ПТТ услугите за 3.8%, услугите за образование и развој за 0.8%, храната во ресторани и хотели за 0.7%, туристичките аранжмани за 0.3% и превозот на патници за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај зеленчукот за 5.9%, јајцата за 3.1%, млечните производи за 0.7% и преработеното овошје за 0.1%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај нафтените деривати за 2.4%, средствата за образование за 1.2%, сообраќајните средства за 0.7% и трошоците за одржување на автомобилите за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки, Домување, Хигиена и здравје и Останати услуги, неспомнати на друго место.

Индексот на цените на мало во јуни 2010 година, во споредба со јуни 2009 година, бележи пораст од 2.5%, а трошоците на животот бележат пораст од 1.8%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во јуни 2010 година изнесува 12 170 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 1.7%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика