+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, септември 2010

петок, 01 октомври 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на трошоците на животот 100.1.

Порастот на трошоците на животот од 0.1% е резултат на повисоките индекси на мастите за 11.1%, кондиторските производи за 1.7%, јајцата за 1.6%, производите од жито за 0.8%, месото за 0.6%, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0.5%, преработениот и конзервираниот зеленчук за 0.2% и др.

производи за 1.1%. Во септември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај станбените услуги за 2.9%, услугите за нега и хигиена за 1.8%, Останати услуги неспоменати на друго место за 0.5% и кај средствата за образование за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 2.1%, преработките од месо за 0.7% и преработеното овошје за 0.2%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај услугите за образование за 6.7% и ПТТ-услугите за 1.8%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Тутун и пијалаци, Облека и обувки и Ресторани и хотели.

Индексот на цените на мало во септември 2010 година, во споредба со септември 2009 година, бележи пораст од 2.5%, а трошоците на животот бележат пораст од 2.0%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во септември 2010 година изнесува 12 037 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика