+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, октомври 2010

понеделник, 01 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во октомври 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на трошоците на животот 100.3.

Порастот на трошоците на животот од 0.3% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 3.9%, цигарите за 1.8%, мастите за 1.6%, јајцата за 1.3%, млечните производи за 0.9%, свежото и киселото млеко за 0.6%, преработеното овошје и кондиторските производи за 0.5%, другите прехранбени производи за 0.4%, производите од жито, преработките од месо и рибата за 0.2%.

Во октомври, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај комунално-станбените услуги за 2.4%, обувките за 2.0%, течните горива и гасот за 1.7%, облеката за 1.0%, нафтените деривати за 0.9%, мебелот и пијалаците во ресторани и хотели за 0.3% и храната во ресторани и хотели за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во октомври 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 6.0% и преработениот зеленчук за 0.4%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај другите средства за образование за 0.4%, средствата за хигиена за 0.2% и останатите услуги, неспомнати на друго место за 0.1%.

Индексот на цените на мало во октомври 2010 година, во споредба со октомври 2009 година, бележи пораст од 3.3%, а трошоците на животот бележат пораст од 2.7%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во октомври 2010 година изнесува 12 105 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.6%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика