+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, декември 2010

понеделник, 03 јануари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во декември 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на трошоците на животот 100.7 Индексот на цените на мало во 2010 година, во однос на 2009 година, бележи пораст од 2.6%, додека индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1.6%.

Движењето на индексот на цените на мало во 2010 година беше различно по одделни групи на производи.

Пораст на индексите е забележан во групите: Непрехранбени индустриски производи за 6.2%, Индустрископрехранбени производи за 1.1%, Услуги за 0.4% и Пијалаци за 0.1%.

Намалување на индексите е забележано во групата Земјоделски производи за 1.4%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2010 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Огрев и осветление за 8.7%, Сообраќајни средства и услуги за 3.7%, Облека и обувки за 0.8%, Стан (станарина, вода и услуги) за 0.6%, Тутун и пијалаци за 0.5%, Хигиена и здравје, Покуќнина, Култура и разонода и Ресторани и хотели за 0.4% и Исхрана за 0.3%.

Намалување на индексот е забележано во групата Останати услуги, неспомнати на друго место за 6.1%.

Индексот на цените на мало во декември 2010 година, спореден со декември 2009 година, забележа пораст од 3.7%, а индексот на трошоците на животот забележа пораст од 3.0%.

Порастот на индексот на цените на мало од 0.7% во декември 2010 година, во однос на претходниот месец, е резултат на порастот на индексите во групите: Земјоделски производи и Непрехранбени индустриски производи за 1.4% и Индустриско-прехранбени производи за 1.0%.

Намалување на индексот на цените на мало е забележано во групата Пијалаци за 0.3%.

На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Услуги.

Како резултат на движењето на цените на мало, порастот на трошоците на животот од 0.7% во декември 2010 година, во однос на претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 8.6%, мастите за 4.3%, јајцата за 2.4%, другите прехранбени производи за 2.3%, преработките од месо за 1.0%, преработките од риба и млечните производи за 0.8% и месото за 0.6%.

Исто така, во декември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и гасот за 4.5%, средствата за хигиена и лековите за 1.3%, деловите за сообраќајни средства за 1.0%, обувките и огревот и осветлението за 0.3% и услугите за хигиена за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во декември 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 6.3%, производите од жито и свежото и киселото млеко за 0.3%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај електричните апарати за домаќинствата и исхраната во ресторани за 0.3% и средствата за образование за 0.2%.

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, за декември 2010 година изнесува 12 342 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1.1%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика