+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јануари 2011

понеделник, 14 февруари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јануари 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 100.9.

Порастот на трошоците на животот од 0.9% е резултат на повисоките индекси на јајцата за 3.7%, мастите за 3.5%, кондиторските производи за 3.3%, овошјето за 3.2%, шеќерите за 2.7%, производите од жито за 2.4%, свежото и киселото млеко за 1.6%, преработениот зеленчук за 1.2%, месото за 0.8%, преработките од месо за 0.7%, зеленчукот, млечните производи и безалкохолните пијалаци за 0.4% и преработеното овошје за 0.3%.

Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 4.5%, централното греење за 3.7%, течните горива и гасот за 2.9%, сообраќајните средства за 1.3%, услугите за образование за 1.2%, мебелот и предметите за домаќинството за 0.9%, другите средства за образование за 0.6%, лековите за 0.4%, обувките за 0.3%, козметичките производи, превозот на патници и храната во ресторани и хотели за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2011година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата за 2.8% и кај алкохолните пијалаци за 0.4%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани за 11.6%, садовите и приборот за домаќинствата за 2.1% и електричните апарати за домаќинствата за 0.6%.Индексот на цените на мало во јануари 2011 година, во споредба со јануари 2010 година, бележи пораст од 3.4%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика