+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, февруари 2011

вторник, 01 март 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.6, а индексот на трошоците на животот 100.9.

Порастот на трошоците на животот од 0.9% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 13.4%, производите од жито и овошјето за 2.5%, другите прехранбени производи за 1.7%, свежото и киселото млеко, јајцата и мастите за 1.3%, преработениот зеленчук и преработките од риба за 1.0%, преработеното овошје за 0.9%, алкохолните пијалаци за 0.7%, месото и рибата за 0.6% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.

Во февруари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај комунално-станбените услуги за 2.5%, материјалите за одржување на станот за 1.2%, течните горива и гасот за 0.9%, лековите за 0.8%, пијалаците во ресторани и хотели за 0.6%, средствата за хигиена за 0.4%, храната во ресторани и хотели за 0.3%, облеката и нафтените деривати за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млечните производи за 0.4% и преработките од месо за 0.2%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај трошоците за одржување на автомобилите за 2.7%, услугите за сместување за 2.3%, садовите и приборот за домаќинствата за 1.8%, услугите за образование за 1.0%, обувките за 0.7%, средствата за образование за 0.5% и мебелот за 0.4%.

На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Останати услуги неспомнати на друго место.

Индексот на цените на мало во февруари 2011 година, во споредба со февруари 2010 година, бележи пораст од 3.8%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика