+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, март 2011

петок, 01 април 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во март 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.3, а индексот на трошоците на животот 101.7.

Порастот на трошоците на животот од 1.7% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 12.7%, производите од жито за 6.6%, овошјето за 5.1%, преработеното овошје за 1.7%, свежото и киселото млеко за 1.6%, другите прехранбени производи за 1.3%, млечните производи за 1.0%, безалкохолните пијалаци за 0.8%, јајцата за 0.7%, рибата за 0.6%, преработките од риба за 0.5% и месото за 0.3%.

Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричната енергија за 5.4%, нафтените деривати и течните горива и гасот за 3.8%, деловите за сообраќајни средства за 2.6%, храната во ресторани и хотели за 1.5%, лековите и садовите и приборот за домаќинствата за 0.9%, облеката за 0.7%, услугите за нега и хигиена и пијалаците во ресторани и хотели за 0.6% и Останати услуги неспомнати на друго место за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 0.5%, преработките од месо за 0.3% и алкохолните пијалаци за 0.2%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај бањските услуги за 5.6%, превозот на патници за 3.5%, мебелот, средствата за образование и туристичките аранжмани за 0.4% и обувките за 0.3%.

Индексот на цените на мало во март 2011 година, во споредба со март 2010 година, бележи пораст од 4.7%, а трошоците на животот бележат пораст од 5.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика