+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, април 2011

вторник, 03 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во април 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на трошоците на животот 100.3.

Порастот на трошоците на животот од 0.3% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 5.2%, рибата за 0.9%, преработеното овошје за 0.6%, производите од жито, преработките од риба и млечните производи за 0.5%, месото и јајцата за 0.4%, свежото и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Во април, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај превозот на патници за 2.9%, садовите и приборот за домаќинствата за 1.4%, услугите за образование и останати услуги, неспомнати на друго место за 1.3%, услугите за одржување на станот за 1.1%, средствата за хигиена за 0.6%, материјалите за одржување на станот за 0.4%, трошоците за одржување на автомобилите за 0.3%, облеката и мебелот за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 2.2%, безалкохолните пијалаци за 1.7%, овошјето за 0.6% и преработките од месо за 0.4%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај електричните апарати за домаќинството и сообраќајните средства за 0.6%, нафтените деривати за 0.4%, обувките и ПТТ услугите за 0.2%.

Индексот на цените на мало во април 2011 година, во споредба со април 2010 година, бележи пораст од 4.6%, а трошоците на животот бележат пораст од 4.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика