Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јули 2011

понеделник, 01 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јули 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на трошоците на животот 99.2.
 
Намалувањето на трошоците на животот од 0.8% е резултат на пониските индекси на овошјето за 20.0%, зеленчукот за 13.9%, јајцата за 1.5%, свежото млеко за 0.7% и производите од жито за 0.6%.
 
Во јули 2011, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај нафтените деривати за 1.5%, материјалите за одржување на станот и козметичките производи за 0.2%.
 
Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај мастите за 3.4%, преработките од риба за 1.3%, преработеното овошје за 0.6%, месото за 0.4%, млечните производи за 0.3%, преработениот зеленчук и алкохолните пијалаци за 0.2%.
 
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за образование за 3.7%, превозот на патници за 3.4%, услугите за сместување за 0.9%, храната и пијалаците во ресторани и хотели за 0.5%, трошоците за одржување на автомобилите и туристичките аранжмани за 0.2%.
 
Индексот на цените на мало во јули 2011 година, во споредба со јули 2010 година, бележи пораст од 4.0%, а трошоците на животот бележат пораст од 3.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика