+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јануари 2012

вторник, 21 февруари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јануари 2012 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.6, а индексот на трошоците на животот 101.2.


Порастот на трошоците на животот од 1.2% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 10.0%, сушеното овошје за 1.3%, преработките од зеленчук за 0.7%, тестенините и кондиторските производи за 0.6%, месото и преработките од месо за 0.5%.


Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај централното греење за 10.3%, електричната енергија за домаќинствата за 7.8%, нафтените деривати за 2.1%, средствата за рекреација за 1.5%, цврстите горива за 1.3%, течните горива и гасот и патничките автомобили за 0.7%, козметичките производи за 0.5%, лековите и средствата за образование за 0.4%, облеката за 0.3% и средствата за хигиена за 0.2%.


Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 3.1%, мастите за 1.4%, рибата за 0.6%, јајцата за 0.4% и алкохолните пијалаци за 0.2%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај садовите и приборот за домаќинствата за 0.8%, обувките за 0.6% и мебелот за 0.3%.


Индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јануари 2012 година, во споредба со јануари 2011 година, бележат пораст од 3.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика