+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, март 2012

понеделник, 02 април 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во март 2012 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на трошоците на животот 100.4.
Порастот на трошоците на животот од 0.4% е резултат на повисоките индекси на јајцата за 11.2%, овошјето за
2.7%, мастите за 1.5%, кондиторските производи за 0.6%, месото и алкохолните пијалаци за 0.4%, преработките
од риба за 0.3%, рибата, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0.2%.
Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај превозот на патници со воз за 50.9%,
нафтените деривати за 5.1%, превозот на патници со авион за 4.3%, течните горива и гасот за 3.8%, централното
греење за 1.4%, средствата за образование за 0.8%, средствата за хигиена и козметичките производи за 0.5%,
облеката и електричните апарати за домаќинствата за 0.3% и лековите за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2012 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај зеленчукот за 1.9%, преработките од месо за 0.7%, преработеното овошје за 0.5%, производите
од жито за 0.4% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележанo и кај туристичките аранжмани за
4.0% и телекомуникациските услуги за 0.3%.
Индексот на цените на мало во март 2012 година, во споредба со март 2011 година, бележи пораст од 2.7%, а
индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика