+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, мај 2012

понеделник, 04 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во мај 2012 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 99.4, а индексот на трошоците на животот 99.7.
Намалувањето на трошоците на животот од 0.3% е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 6.9%, јајцата
за 5.4%, свежото млеко и алкохолните пијалаци за 0.3%.
Во мај, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај нафтените деривати за 3.6%,
течните горива и гасот за 3.5%, телекомуникациските услуги за 1.1%, материјалите за одржување на станот за
0.6% и средствата за образование за 0.5%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во мај 2012 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај овошјето за 8.9%, рибата за 2.0%, преработките од риба за 1.5%, сувото овошје за 0.6%, месото
за 0.5%, преработките од месо за 0.4% и безалкохолните пијалаци за 0.3%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележанo и кај лековите за 2.1%, обувките за 1.3%,
садовите и приборот за домаќинствата и туристичките аранжмани за 1.0%, услугите за сместување за 0.9%,
предметите за домаќинството и козметичките производи за 0.6%, средствата за хигиена и превозот на патници
за 0.5%, облеката, услугите за нега и лична хигиена и храната во ресторани и хотели за 0.2%.
Индексот на цените на мало во мај 2012 година, во споредба со мај 2011 година, бележи пораст од 2.8%, а
индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика