Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Индекси на цените на мало и на трошоците на животот,јули 2012
среда, 01 август 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот во јули 2012 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.1. Намалувањето на трошоците на животот од 0.9% е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 15.8%, јајцата за 3.5%, овошјето за 3.1%, алкохолните пијалаци за 0.5%, преработениот зеленчук за 0.4%, преработките од риба, млечните производи и безалкохолните пијалаци за 0.3%. Во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележанo и кај течните горива и гасот за 6.3% и нафтените деривати за 5.1%. Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и киселото млеко за 0.4%, преработките од месо и рибата за 0.2%. Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај превозот на патници со авион за 1.7%, лековите за 0.9%, туристичките аранжмани за 0.7%, предметите за домаќинството за 0.4% и средствата за образование за 0.3%. Индексот на цените на мало во јули 2012 година, во споредба со јули 2011 година, бележи пораст од 1.8%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика