+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, септември 2012

понеделник, 01 октомври 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2012, во
однос на претходниот месец, изнесува 101.1, а индексот на трошоците на животот 101.4.
Пораст на трошоците на животот од 1.4% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 11.1%, јајцата за
10.8%, мастите за 10.4%, преработениот зеленчук за 0.8%, месото и преработките од риба за 2.7%, рибата за
0.8%, млечните преработки за 0.6%, производите од жито и свежото и киселото млеко за 0.4%.
Во септември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за образование за
5.2%, течните горива и гасот за 4.8%, нафтените деривати за 4.3%, сообраќајните средства за 2.8%, обувките за
2.2%, лековите за 0.5%, средствата за образование за 0.4%, средствата за хигиена за 0.3% и облеката, деловите
за сообраќајните средства и исхраната во ресторани и хотели за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2012 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај овошјето за 2.1% и преработките од месо за 0.5%.
Во септември, исто така намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај туристичките
аранжмани за 6.5% и авионскиот превоз на патници за 2.3%.
Индексот на цените на мало во септември 2012 година, во споредба со септември 2011 година, бележи пораст
од 4.7%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 5.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика