Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во октомври 2012, во однос
на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Пораст на трошоците на животот од 0.2% е резултат на повисоките индекси на јајцата за 6.3%, месото за 2.9%,
рибата за 1.5%, мастите за 1.1%, преработките од месо за 0.8%, производите од жито и свежото и киселото
млеко за 0.7%, преработките од млеко за 0.6% и другите прехранбени производи за 0.4%.
Во октомври, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 5.0%, текстилни
производи за домаќинствата за 1.1%, облеката и средствата за хигиена за 0.9%, лековите за 0.6%, деловите за
сообраќајните средства за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во октомври 2012 година, во споредба со претходниот
месец е забележан кај овошјето за 4.0% и зеленчукот за 2.0%.
Во октомври, исто така намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати
за 3.9%, цврстите горива за 3.8%, авионскиот превоз на патници за 2.8%, течните горива и гасот за 2.0% и
садовите и приборот за домаќинства за 0.2%.
Индексот на цените на мало во октомври 2012 година, во споредба со октомври 2011 година, бележи пораст
од 4.1%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 5.3%.