+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот,декември 2012 - коригирано соопштение

среда, 02 јануари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во декември 2012 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на трошоците на животот 100.0.

Индексот на цените на мало и индексот на трошоците на животот бележат пораст од 3.3% во 2012 година, во однос на 2011 година.

Движењето на индексот на цените на мало во 2012 година беше различно по одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Непрехранбени индустриски производи за 5.8%, Земјоделски производи за 3.1%, Индустриско-прехранбени производи за 2.4%, Услуги за 1.5% и Пијалаци за 0.4%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2012 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Огрев и осветление за 11.1%, Облека и обувки за 5.3%, Сообраќајни средства и услуги за 2.8%, Хигиена и здравје za 2.7%, Стан (станарина, вода и услуги) за 2.5%, Исхрана и Ресторани и хотели за 2.4%, Култура и разонода за 1.6%, Покуќнина за 0.3% и Тутун и пијалаци за 0.1%.

Намалување на индексот е забележано во групата Останати услуги, неспомнати на друго место за 0.2%.

Индексот на цените на мало во декември 2012 година, вo споредба со декември 2011 година, забележа пораст од 3.9%, а индексот на трошоците на животот забележа пораст од 4.7%.

Индексот на цените на мало во декември 2012 година, во однос на претходниот месец, забележа минимален пораст од 0.1%.
Како резултат на движењето на цените на мало, трошоците на животот во декември 2012 година, во однос на претходниот месец, се на исто ниво, но сепак, во одредени групи на производи и услуги се забележани одделни движења на цените.

Пораст на индексите е забележан кај зеленчукот за 1.4%, јајцата за 1.2%, месото за 0.7% и преработките од месо за 0.5%.
Исто така, во декември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај мебелот за 0.9%, средствата за образование за 0.5%, средствата за хигиена и храната и пијалакот во ресторани и хотели за 0.3%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во декември 2012 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 5.2%, овошјето за 3.7%, рибата за 0.8%, преработениот зеленчук за 0.4% и млечните производи за 0.3%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и гасот за 0.5% и нафтените деривати за 0.2%.

 



Ве известуваме дека во табелите 03М и 03А е направена исправка на двата податока за месец мај во однос на април 2012 година.


  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика