Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, јануари 2013

вторник, 12 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во јануари 2013 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на трошоците на животот 100.3.
Порастот на трошоците на животот од 0.3% во јануари 2013 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на јајцата за 4.6%, безалкохолните пијалаци за 4.3%, рибата за 3.6%,
зеленчукот за 2.7%, тестенините за 2.5%, сувото овошје за 1.6%, алкохолните пијалаци за 1.5%, преработките
од овошје за 1.0%, преработките од зеленчук за 0.7%, месото за 0.5%, преработките од месо и кондиторските
производи за 0.4%.
Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 15.2%,
храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 2.0%, лековите за 1.1%, облеката и електричните апарати
за домаќинствата за 0.4% и туристичките аранжмани за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2013 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај овошјето за 1.9%, мастите за 0.9%, млечните производи и др. прехранбени производи
за 0.6%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на
патници за 4.9%, течните горива и гасот за домаќинствата за 3.3%, средствата за образование и сообраќајните
средства за 2.3%, нафтените деривати за 0.5% и обувките за 0.3%.
Индексот на цените на мало во јануари 2013 година, во споредба со јануари 2012 година, бележи пораст од
2.4%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика