+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, февруари 2013

петок, 01 март 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во февруари 2013 година, во однос
на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Пораст на трошоците на животот од 0.2% во февруари 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на
повисоките индекси на рибата за 1.9%, млечните производи за 1.5%, преработките од овошје и месото за 0.5%, свежото
и киселото млеко за 0.4%, производите од жито и кондиторските производи за 0.3%, преработките од зеленчук,
преработките од месо и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Во февруари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај сообраќајните средства за 4.6%, цврстите
горива за 2.4%, средствата за хигиена за 0.9%, нафтените деривати за 0.7%, други медицински производи за 0.6%,
електричните апарати за домаќинствата за 0.5%, храната и пијалаците во рестораните и хотелите и останати услуги
неспомнати на друго место за 0.4% и лековите за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2013 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај мастите за 0.4%, овошјето и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 6.8%,
ПТТ услугите за 2.2%, средствата за образование за 0.8%, обувките, течните горива и гасот за домаќинствата и услугите
за образование за 0.4%.
Индексот на цените на мало во февруари 2013 година, во споредба со февруари 2012 година, бележи пораст од 1.8%, а
индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика