Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, октомври 2024 година

четврток, 07 ноември 2024


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на септември 2024
година, изнесува - 0.7 %.
Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на
намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2.2 %, Ресторани и
хотели за 1.5 %, Рекреација и култура за 0.9 %.
Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележано
во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.4 %, Облека и обувки за 1.4 %, Транспорт за 0.7 %,
Здравје за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0.2 %, Мебел, покуќнина
и одржување на домаќинствата и комуникации за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година изнесува 99.9.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување
од 3.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика