Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Намалувањето на трошоците на животот, според класификацијата Coicop, во мај 2010, во споредба со април 2010, изнесува 0.6%
понеделник, 07 јуни 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај 2010, во однос на април 2010, изнесува 99.4, а во однос на мај 2009 изнесува 100.2.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во мај 2010, во однос на април 2010, намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.6%, Останати стоки и услуги за 0.8%, Рекреација и култура за 0.4%, Алкохолни пијалаци, тутун и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во следните групи: Транспорт за 0.7%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.5%, Облека и обувки за 0.3%, Ресторани и хотели за 0.2% и Здравје за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Комуникации и Образование.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика