Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот, според класификацијата COICOP,
март 2011
четврток, 07 април 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март 2011, во однос на февруари 2011, изнесува
101.7, а во однос на март 2010 изнесува 105.2.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во март 2011, во однос на февруари
2011, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 3.0%, Домување,
вода, електрика, гас и др. горива за 2.9%, Транспорт за 1.0%, Ресторани и хотели за 0.8%, Здравје за 0.6%,
Облека и обувки и Рекреација и култура за 0.3% и Комуникации за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и
Останати стоки и услуги за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина
и Образование.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика