Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, изнесува 101.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Градежништво (5.4%), Рударство и вадење на камен (5.4%) и Преработувачка индустрија
(4.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (30.9%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни
води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4.2%) и Дејности во врска со недвижен имот
(3.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013, изнесува 20 983 денари.
Во април 2013 година, 1.7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.