Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 102.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Транспорт и складирање (6.8%), Информации и комуникации (6.8%) и Градежништво
(6.1%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.2%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација (5.9%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.3%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2013, изнесува 21 108 денари.
Во јуни 2013 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.