Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2013

четврток, 28 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, изнесува 101.3.


Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (6.0%), Градежништво (5.8%) и Рударство и вадење на камен (4.4%).


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8%), Уметност, забава и рекреација (2.8%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината (2.8%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2013, изнесува 21 060 денари.


Во септември 2013 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика