Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2010, во однос на февруари 2009, поголема за 3.3%

вторник, 27 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, изнесува 103.3. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (11.7%), Рибарство (8.4%) Преработувачка индустрија (6.8%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Сообраќај, складирање и врски (6.6%), Рударство и вадење на камен (3.5%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (3.3%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2010 изнесува 20 240 денари.

Во февруари 2010 година, 3.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика