Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, декември 2020 година

вторник, 23 февруари 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (15.5 %), Рударство и вадење на камен (10.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (14.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (12.5 %) и Рударство и вадење на камен (10.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28 294 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика