Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2010, во однос на март 2009, поголема за 3.0%

четврток, 27 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2010 година, во однос на март 2009 година, изнесува 103.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (10.1%), Рударство и вадење на камен (9.4%) и Преработувачка индустрија (9.4%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Образование (6.4%), Преработувачка индустрија (6.1%) и Хотели и ресторани (4.3%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2010 изнесува 20 338 денари.

Во март 2010 година, 3.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика