Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Пазар на труд
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2010 г.,
во однос на јули 2009 г., поголема за 2.7%
вторник, 28 септември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата
по вработен, во јули 2010 година, во однос на јули 2009 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Рибарство (23.3%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни
возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (10.0%) и Образование (6.3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.6%), Други комунални, културни, општи и лични
услужни активности (3.3%) и Хотели и ресторани (3.1%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2010 изнесува 20 299 денари.
Во јули 2010 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 835
е-пошта:
sevdie.ramuko@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика