Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2010 г., во однос на август 2009 г., е поголема за 3.4%

петок, 29 октомври 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во август 2010 година, во однос на август 2009 година, изнесува 103.4

Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (7.9%), Рударство и вадење на камен (6.3%) и Образование (6.2%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.6%), Снабдување со електрична енергија, гас и вода (5.5%) и Хотели и ресторани (4.8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2010 изнесува 20 541 денари.

Во август 2010 година, 2.7% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика