Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2010 г

петок, 26 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 102.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (7.3%), Преработувачка индустрија (5.5%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (4.8%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Здравство и социјална работа (1.4%), Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (1.4%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (1.3%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2010 изнесува 20 554 денари. Во септември 2010 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика