Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, изнесува 100.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.9%), Градежништво (8.2%) и Административни
и помошни услужни дејности (6.4%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (25.3%), Информации и комуникации (5.1%) и Стручни,
научни и технички дејности (4.5%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2014, изнесува 21 483 денари.
Во мај 2014 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.