Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Градежништво (19.6 %), Информации и комуникации (17.9 %) и Образование (17.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.3 %), Рударство и
вадење на камен (5.7 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2023 година, изнесува 36 527 денари.