Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2024 година

четврток, 21 март 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.8%), Снабдување со вода;
отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.2%) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (19.1%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Градежништво (10.9%), Преработувачка индустрија (4.9%) и Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен , во јануари 2024 година , изнесува 39 542 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика