Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 %), Административни и помошни
услужни дејности (22.5 %) и Уметност, забава и рекреација (20.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Транспорт и складирање (10.1 %), Рударство и вадење на камен (7.2 %) и Земјоделство, шумарство и
рибарство (6.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари.