Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 113.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Образование (19.6 %), Уметност, забава и рекреација (19.0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително
социјално осигурување (16.3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.4 %) и
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2024 година, изнесува 41 252 денари.