Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 103.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Градежништво (16.3%), Административни и помошни услужни дејности (11.1%) и
Земјоделство, шумарство и рибарство (11.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (9.2%), Трговија на големо и трговија на
мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.8%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација (6.5%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2016, изнесува 21 813 денари.
Во февруари 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.