Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 102.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Градежништво (9.0%), Административни и помошни услужни дејности (6.7%) и
Информации и комуникации (6.2%).
Зголемувањена просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(3.6%), Преработувачка индустрија (3.4%) и Административни и помошни услужни дејности (1.8%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016, изнесува 22 334 денари.
Во јули 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.