Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 102.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално
осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и
Градежништво (11.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017, изнесува 22 750 денари.
Во јануари 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.