Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2017 година

среда, 22 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 104.7.


Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.1%), Преработувачка индустрија (9.8%) и Рударство
и вадење на камен (9.2%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.1%), Други услужни дејности (4.8) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (4.0%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2017 година, изнесува 23 229 денари.


Во септември 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика