Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2018 година

вторник, 20 ноември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 104.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Рударство и вадење на камен (21.9%), Информации и комуникации (15.2%) и Дејности на здравствена
и социјална заштита (11.1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (4.0%), Образование (2.4%) и Други услужни дејности
(1.5%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2018, изнесува 24 355 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика