Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2020 година

петок, 20 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 112.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.7 %), Уметност, забава и рекреација (18.1 %) и Транспорт и складирање (16.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.6 %), Транспорт и складирање (12.9 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2020 година, изнесува 27 540 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика